Во рамките на акцијата против аерозагадувањето, која започна во организација на Министерството за одбрана, како и секогаш досега кога се работи за еколошки акции кои се спроведуваат за општото добро на сите граѓани, припадниците на 3. механизиран пешадиски баталјон (3.мпб), од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во соработка со локалната самоуправа на град Тетово дадоа свој придонес.
Во присуство на Заменик министерот за одбрана, градоначалничката на општина Тетово и лица од јавниот и општествениот живот на Тетово, пред хидроцентралата на река Пена на излетничкото местото викано ,,Баниче“, припадниците на 3.мпб во координација со Јавното комунално претпријатие – Тетово од Тетово, засадија 85 садници зимзелени дрвца со што се збогатува фауната на овој простор околу излетничкото место.
Акцијата ќе продолжи и следната недела, со засадување на одреден број на садници и на локалитет во гарнизонот Кичево, каде ќе се приклучат и припадниците на армијата од овој гарнизон.
ЗА/ГЃ/ЧС