На ден 07.06.2019 година бригаден генерал Ричард Лебел од Националната Гарда на САД реализира посета на Здружената оперативна команда (ЗОК).
По одржаната средба со командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски беше реализиран брифинг на која бригадниот генерал Лебел се запозна со мисијата, структурата, опремата, декларираните единици и капацитетите на единиците од ЗОК. Во продолжение на средбата генералот Лебел беше запознаен и со идната трансформација на единиците на ЗОК.
Генералот Лебел за време на средбата го искажа задоволството од досегашната воена соработка, нагласувајќи дека Армијата на Република Северна Македонија беше меѓу првите партнерски армии која беше распоредена во Авганистан заедно со Вооружените сили на САД.
Исто така истакна дека од негова страна ја имаме неговата безрезервна поддршка за полноправно членство на Армијата во НАТО како и за организација и планирање на идна заедничка обуки со припадници од Армијата на САД.
ЧС/ПА