Во период од 24.06.2019 до 12.07.2019 година во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини се реализираше Основен лидерски курс од страна на инструктори од Британскиот воено советодавен тим од Вишков – Чешка, потпомогнати со инструктори од Центарот за индивидуална обука. Курсот го посетуваа професионални војници, припадници од единиците на Армијата.
За време на реализација на курсот тие се стекнаа со знаења за должностите како лидери на тимови, правилно применување на тактиките, техниките и процедурите на ниво на тим и одделение, при извршување на борбени задачи.
Темите и содржините од курсот се реализираа преку усни излагања, а посебен акцент се даваше на практичната обука, при што професионалните војници се стекнаа со знаења кои понатаму ќе ги користат во матичните единици.
За време на свечениот завршеток Заменикот на командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Стојанче Тодоров на слушателите им честита за успешно завршениот курс и им порача да ги надградуваат своите знаења и вештини за понатаму да бидат селектирани како кандидати за Основениот курс за подофицери.
На сите слушатели што го посетуваа курсот им беа доделени сертификати а на тројцата првoрангирани им беа доделени плакети од страна на инструкторите од Вишков, Чешка.
С/Г