Припадниците на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ (еден тим од баталјонот за специјални намени) од 20-ти до 26-ти октомври учествуваа на меѓународната заедничка вежба „Б-9“ на која учествуваа специјалните сили на армиите од земјите од Балканот, а која се одржа во Република Србија.
На вежбата покрај припадници на пСО како претставници на од Армијата на Република Македонија и припадниците на Војската на Република Србија како домаќин, учество зедоа и припадници на специјалните сили од: Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Турција и Црна Гора. Вежбата се одржува во рамките на „Б-9“ иницијативата на началниците на генералштабовите на армиите од земјите на Балканот, а и претходеа темелни и детални подготовки од страна на армиите учеснички, проследени со неколку планирачки конференции.
На Денот за високи гости Армијата на Република Македонија беше претставувана од командантот на пСО, полковник Васко Ѓурчиновски.