Во деновите 25 и 26 Февруари во Здружено Оперативната Команда (ЗОК), 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), воздухопловната бригада (вбр), бригадата за логистичка поддршка (брЛП) и Резервни сили, а во врска со инспекција на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ престојува четиричлен инспекциски тим од Вооружените Сили на Р. Бугарија придружуван од екипа од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за Одбрана на Република Македонија.
Инспекцискиот тим ја отпочна обиколката во командата на ЗОК и Резервните сили во гарнизонот Куманово, командите на 1.мпбр, вбр во гарнизонот Петровец и брЛП во Скопје. Наредниот ден ќе се реализира обиколка на 3. механизиран пешадиски баталјон од 1.мпбр во гарнизонот Штип.
Од страна на клучниот персонал во ЗОК и командите на првопотчинетите единици инспекцискиот тим е запознаен со историјата на единиците, мисијата, организациско формациската структура, пополнетост со персонал и опрема и останати активности и состојби кои се однесуваат на одредбите од Виенскиот документ 2011 год.