На 18 Mарт 2014 година во касарната „Мирче Ацев“во Прилеп со пригодна свеченост беше одбележана 22 годишнината од заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и превземањето на касарната од страна на единиците на територијалната одбрана.
Во рамките на свеченоста беше положено свежо цвеќе пред бистата на Мирче Ацев и беа построени единиците, пред кои се обратија: поранешниот претседател на општина Прилеп – Илија Димоски, претседателот на Сојузот на борци Благоја Чоноски, градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески и командантот на гарнизонот Прилеп полковник Жарко Ристески.
На свеченоста присуствуваа и претставници од повеќе општински организации и претпријатија од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, како и претставници на локалните медиуми.
Во обраќањата беше истакнато значењето на овој датум за Република Македонија и за градот Прилеп.