Началникот на Генералштабот (ГШ) на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, од денес претстојува во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Литванија, каде домаќин ќе му биде началникот на ГШ на ВС на Република Литванија, генерал-потполковник Арвидас Поциус. Ова е прва официјална посета на Началник на ГШ на АРМ на ВС на Република Литванија.
Денес, на средбата беше разгледана билатералната воена соработка и нејзиното проширување помеѓу двете армии, искуствата од трансформацијата и учеството во меѓународните мировни операции и можностите за користење на капацитетите за обука.
За време на престојот во Вилнус, генералот Котески се сретна и со Министерот за одбрана на Република Литванија, Јоузас Олекас, а ќе ги посети полкот за обука на копнените сили и механизираната пешадиска бригада „железен волк“.
Се очекува посетата на ВС на Република Литванија да даде соодветен придонес кон јакнењето на билатералната воена соработка со ВС на Република Македонија, како и во поддршката на Република Македонија за полноправно членство во НАТО.