Денес 17.04.2014 година на планината Кожув заврши обуката во борбена претрага и спасување во планински услови на припадниците од водот за специјални намени (всн) од составот на воздухопловната бригада (вбр).
Обуката се реализираше во периодот од 14.04.2014 до 17.04.2014 година и на неа учествуваа поголемиот дел од припадниците од составот на водот за специјални намени.
Целта на обуката е одржување на борбената готовност и подготвеност на припадниците на всн, за извршување на задачи од доменот на пребарување и спасување на тежок и непристапен терен. Во обуката беа вклучени и два хеликоптери, еден Ми-8/17 за транспорт и еден Ми-24 за борбена поддршка при пребарувањето.
Единицата за време на обуката извежбуваше постапки при инфилтрација со помош на јаже (rope link), пребарување на терен во борбени услови, извлекување на повредени со единечен систем за извлекување и ексфилтрација со помош на јаже (fast rope).
Обуката ја посети командантот на воздухопловната бригада полковник Кире Колевски кој истакна дека од она што припадниците на всн го покажаа, може да се заклучи дека обученоста на единицата е на високо рамниште и дека таа може да ја извршува мисијата и поставените задачи.