Медалите беа врачени од страна на началникот на штаб на мисијата ИСАФ генерал потполковник Кенан Хуснуоглу, додека генерал мајор Рејнхард Волски во обраќањето пред присутните го истакна придонесот кој го дава македонскиот контингент за безбедноста на базата искажувајќи пофални зборови за совесното извршување на сите поставени задачи.
Медалот на НАТО за служба во мисијата ИСАФ се доделува на учесници во мисијата кои учествувале најмалку 30 дена во мисијата, а од 2011 година на рибонот за медалот се додава и бројка за повеќекратно учество во мисијата.
Досега на повеќе од 3000 припадници на АРМ им е врачен медал за учество во мисијата ИСАФ со која респектабилна бројка сме меѓу побројните нации кои учествувале во мисијата.