На ден 25.05.2014 година на стрелиштето „Камник“ во Скопје припадниците на АРМ учествуваа на осмиот меѓународен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје- 2014“ на кој забележаа забележителни резултати.
Турнирот е меѓу наголемите и најатрактивните од овој вид во Европа и се организира секоја година од страна на македонската спортска стрелачка федерација и на него традиционално АРМ покрај директно учество во натпреварувањето придонесува и во уредувањето и обезбедување на стрелиштата.
Во име на Началникот на Генералштабот на АРМ, турнирот го отвори генерал-мајор Методија Величковски, командант на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) при што им се обрати на натпреварувачите посакувајќи им постигнување на врвни резултати.
На натпреварот учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи од Република Македонија и од неколку странски држави во дисциплините : пиштол на 25 метри, пушка, тактичка полуавтоматска снајперска пушка и снајперска пушка на 100 метри.
Натпреварувачите од командите и единиците на АРМ остварија високи резултати при што екипата на ЗОК освои трето место во дисциплината „тактичка полуавтоматска снајперска пушка“ и поединечно освоено трето место во женска конкуренција во дисциплината „пиштол“ од посв1кл. Ирена Лековска од полкот за специјални операции.