На ден 12.09.2020 година, во кампот Мармал, во Мазар и Шариф во Командата за обука, советување и асистенција – Север (КОСА-С) ИР Авганистан, свечено и достоинствено и со почитување на сите мерки за заштита од COVID-19, се спроведе церемонија на спуштање на знамињата на земји учеснички кои си заминуваат од зоната на одговорност на КОСА-С.
На свеченоста присуствуваа Командантот на КОСА-С, бригаден генерал Ансгар Мајер, претставник од Германскиот конзулат во Авганистан, најстарите национални претставници на земјите кои имаат свои учесници во КОСА-С и претставници од командата на КОСА-С.
Пригоден говор одржа Командантот на КОСА-С, а потоа со посебна церемонија беа спуштени знамињата на Република Албанија, Република Хрватска, Црна Гора и Република Северна Македонија и истите беа врачени на најстарите национални претставници – одговорни старешини од споменатите држави.
Притоа беа интонирани химните на Република Албанија, Република Хрватска, Црна Гора и Република Северна Македонија, како и химната на НАТО. Со ова се завршува мисијата на македонскиот контингент „МАККОН-12“ во кампот Мармал, Мазар е Шариф во КОСА-С.
ДА/ЧС