Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“ беше одбележан патронатот на касарната со оддавање на почит и полагање на цвеќе пред бистата на народниот херој „Боро Менков“, односно 79 години од загинувањето на народниот херој во реонот на село Белановце како учесник во Карадачкиот партизански одред кој бил разбиен два дена по неговото формирање.
Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков, чие име со гордост го носи касарната „Боро Менков“, пред присутните се обрати заменик на командантот на 1.пешадиски баталјон, мајор Шпејтим Черими.
На прославата присуствуваа командантот на Командата за операции (КО), генерал-мајор Павле Арсоски, заменик на командантот на КО, бригаден генерал Орце Јордев, началникот на штаб на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на 1. пешадиска бригада, полковник Бесник Емини со делегација од командата и штабот на 1.пешадиска бригада.
По повод одбележување на патронатот на касарната, беше реализирана крводарителна акција во гарнизонот Куманово при што беа дарувани 40 крвни единици.
ГЃ/ЧС/БН