Согласно планот за билатерална соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, во периодот од 19 до 23 октомври во Република Северна Македонија се реализираат две активности: заедничка обука за специјални сили и размена на искуства „Joint Special Operations Forces Training – JCET“ која ќе се изведуваат во касарната „Илинден“, како и обука во нуркање со мобилент тим за обука „Freshwater diving training“ во Кампот за обука на вода во Охрид.
По тој повод, на учесниците им се обратија полковник Сашко Лафчиски, началник на Одделението за специјални операции во ГШ на Армијата и полковникот Георгиос Акриотис, одбранбено аташе на Република Грција во Република Северна Македонија.
Полковникот Лафчиски изрази благодарност кон Командата за специјални сили на Република Грција за несебичното залагање и допринос за успешна реализација на планираните активности согласно планот за билатерална соработка, посебно во услови на пандемија. Од негова страна исто така беше нагласена важноста од размената на искуства помеѓу Република Грција како долгогодишна членка на НАТО и Република Северна Македонија, како нова членка на НАТО, што ќе допринесе во подобрување на интероперабилноста од доменот на специјалните сили во Армијата.
Полковникот Акриотис ја потенцираше важноста за продолжување и продлабочување на соработката со заложба дека истата ќе продолжи и понатаму.