На ден 25.07.2014 година, во касарната „Чојлија“ во оклопниот баталјон (окб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада се реализира средба на припадници на ОМЕ (оклопно механизирани единици) која е прва ваква средба од формирањето на АРМ.
На повеќе генерациската средба присустуваа активни старешини од родот ОМЕ од сите команди и единици на АРМ, пензионирани старешини и поранешни припадници кои сега извршуваат работни задачи во други државни институции надвор од АРМ.
На средбата која ја отвори командантот на оклопно механизираниот баталјон потполковник Тони Седмаков беа разменети искуства од областа на ОМЕ како во АРМ, така и во останатите армии во светот.
За време на средбата од страна на припадниците на окб беше реализирана наставна тема „Демонстрација на тактичко технички карактеристики на тенк Т-72А“
Оваа средба на припадниците на ОМЕ преставува почеток на традиција која во наредниот период ќе се негува и продолжува.