Во касарната „НХ Страшо Пинџур“, во гарнизонот Петровец, со преземање на сите превентивни мерки за заштита од COVID-19, свечено беше одбележан 11 март – Денот на Командата на резервни сили.
На свеченоста присуствуваа началникот на штаб на Командата за операции (КО) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантите на единиците во гарнизонот Петровец.
Во своето обраќање, командантот на Командата на резервни сили, полковник Ќиро Калков истакна дека се горди што се носители на традициите на овој настан од поновата историја на македонскиот народ, настан кога на караулата „Рамна Нива“ во Крива Паланка, на 11 март 1992 година за првпат на државната граница се развиори државното знаме, со што се заокружи територијалниот интегритет на нашата држава и го означи создавањето на Армијата.
Во својот говор, началникот на штаб на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, истакна дека во развојот и формирањето на командите и единиците на Армијата, во делот на активната и општата резерва, посебно значајно место има и Командата на резервни сили.
По повод денот на единицата, беа доделени стимулативни мерки за припадниците од единицата за остварените резултати во работата и воедно беа прочитани упатените честитки.
ЈГ/ГЃ/ЈМ