На ден 27 Август 2014 година во Охрид, командантот на Здружено Оперативната Команда генерал мајор Методија Величковски оддржа предавање на слушателите на петтата по ред школа за млади лидери, која е проект по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
На предавањето на тема Воено Лидерство кое се проследи со голем интерес, од страна на генерал мајор Методија Величковски слушателите беа запознаени со улогата на лидерството во армијата, специфичноста на лидерството во армиските структури како и на улогата и можноста за придонес во одбраната од страна на цивилните структури во државата.
За време на траењето на петтата по ред школа за млади лидери која се одржа во Охрид од 19 до 28 август предавања одржаа реномирани предавачи од образовни институции, политичари и парламентарци од европски земји, амбасадори, министри, претседатели на успешни компании и бизнис групаци, преку кои се стимулираат позитивните вредности кај младите лидери за идни политички, културни и економски предводници на нашата земја.