Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски оствари проштална средба со полковник Јамагучи Минео, одбранбено аташе на Јапонија, за Република Северна Македонија.
На средбата генералот Ѓурчиновски се заблагодари на полковник Минео, за неговото залагање за унапредување на билатералната воена соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Јапонија.
За време на средбата, на началникот на генералштабот му е претставено новото одбранбено аташе на Јапонија во Република Северна Македонија, полковник Тому Саито, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност како нерезидентен аташе со седиште во Виена, Австрија.