Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска, оствари средба со новоназначеното одбранбено аташе на САД за Република Северна Македонија, потполковник Андру Шели.
Во рамки на средбата, генералот Лафчиски упати честитки за неговото назначување и му посака успех во извршување на оваа должност.
За време на средбата беше потврдена одличната билатералана соработка меѓу двете армии, која континуирано се унапредува преку заедничко учество во вежбовни активности, американската поддршка во развојот и модернизацијата на капацитетите на Армијата, како и преку можностите за стручно усовршување и едукација на армискиот персонал. Воедно, беше изразена подготвеност за продолжување и натамошно унапредување на соработката.
Потполковникот Шели во својата кариера извршувал повеќе должности во САД и странство, а за својата служба е одликуван со повеќе воени одликувања.








