Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес оствари проштална средба со одбранбеното аташе на Република Италија во Република Северна Македонија, полковник Џузепе Монталто.
Генералот Ѓурчиновски на средбата му се заблагодари на досегашното одбранбено аташе, полковник Џузепе Монталто за неговиот придонес во развивањето на воената соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Република Италија.
На денешната средба во Генералштабот, присуствуваше и новоназначеното одбранбено аташе на Република Италија во Република Северна Македонија, полковник Анџеони Стефано кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност.