Во Командата за обука и доктрини на АП „Криволак“ со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“ се реализираше свеченост по повод реализација на основната воена обука на Основниот курс за подофицери (ОКПОФ) 2-21, со вкупно 69 слушатели професионални војници од различни единици на Армијата.
За време на свеченоста во своето пригодно обраќање командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев, на слушателите им порача неуморно и безусловно да се ангажираат во процесот на обуката затоа што вложениот труд и стекнатите знаења во овие три месеци ќе им помогнат да се изградат како високо мотивирани и физички подготвени подофицери на Армијата, а тоа ќе биде пресудно во успешно извршување на својата мисија.
За време на реализација на курсот во период 12.08.2021 година до 12.11.2021 година континуирано и без прекини низ процесот на обуката слушателите ќе имаат можност да се запознаат со должностите и одговорностите на лидерот, содржината на концептот за развој на подофицерите, да се оспособат со методски постапки на предавање и обука со потчинетите и воедно со лидерството како еден од најзначајните алки за борбената моќ на Армијата без кое не може да се замисли успешна реализација на борбени задачи.
По завршување на планираната обука Армијата ќе биде побогата со новооспособени подофицери со развиена лидерска способност кои успешно ќе ја извршуваат својата мисија на исто ниво со подофицерите на армиите земји членки на НАТО.