Заменикот на Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во периодот од 17 до 20 август ја предводи армиската делегација која присуствува на меѓународниот саем за одбранбена индустрија „IDEF 21“ кој се одржува во Истанбул, Република Турција на кој се изложени најсовремени средства и модерна воена опрема од воените индустрии Aselsan, Roketsan, Havelsan и Aspilsan во сферата на копнената компонента, транспортните можности и логистичката поддршка.
Целта на посетата која се случува во склоп на потпишаниот договор, од страна на министерката Радмила Шекеринска и министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, за воено-финансиска соработка и протокол за негова имплементација е стручно согледување на изложените средства кои во рамки на договорот би можеле да бидат дел од нашето опремување и модернизација на армиските капацитети.