Во рамките на цивилно воената соработка на ден 14.11.2014 година, касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп ја посетија 50 ученици со нивните професори од трета и четврта година на електро-машинската насока од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп.
Во времетраење од два наставни часа учениците имаа можност да разгледаат дел од техниката и опремата со кои располага единицата и да се запознаат со начинот на одржување на истите.
За таа цел беше реализирана презентација и настава на тема „Основно и техничко одржување на моторни возила во АРM“. Активност предизвика голем интерес кај учениците а кај професорите желба за понатамошна соработка.
Оваа соработка со училиштата од општините во гарнизонот Прилеп претставува планирана активност од областа на цивилно воената соработка и ќе се реализира и во наредниот период.