Денес 13.01.2015 година во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должност командант на баталјонот за врски (бв) од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).
На свеченоста присуствуваа заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамeт Рацај, началникот на штаб на ЗОК бригаден генерал Стојан Димчов, командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, преставници од ГШ на АРМ и останатите команданти на првопочинетите единици на ЗОК.
За време на свеченото примопредавање согласно Правилото за воен протокол во АРМ обраќања имаа заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај, досегашниот командант на баталјонот за врски потполковник Станко Велков и новопоставениот командант, мајор Драган Ѓорѓиевски.
За време на извршување на должноста потполковник Станко Велков има дадено голем придонес во изградбата на борбената готовност на единицата и покажано како високо професионални и способни лидери успешно се справуваат со сите предизвици.
Мајор Драган Ѓорѓиевски своето високо воено образование го има завршено на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, слушател е на стручно специјалистички студии за командно – штабни должности во АРМ на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје. Во својата војничка кариера ги има извршувано должностите: командир на вод, командир на чета и началник на штаб-заменик на командант на баталјон за врски.