Во Командата за обука и доктрини, денес, се реализираше свеченост по повод завршување на курсот за прв подофицер, кој успешно го завршија 19 подофицери на Армијата.
По тој повод, командантот на Центарот за индивидуална обука на подофицерите слушатели им додели сертификати за успешно завршениот курс и воедно им честиташе за успешно завршена обука на курсот и им посака успешна работа во своите единици, како и имплементирање на стекнатите знаења и искуства.
На прворангираните, за особено залагање и постигнати резултати им беа доделени пофалници.
За време на реализација на обуката слушателите имаа можност да се стекнат со нови знаења меѓу кои: запознавање на професионален развој на подофицери во Армијата, справување со стрес и стресни ситуации, мотивирање на потчинетите, дисциплината и моралот во единицата како и теми кои се особено значење за успешна реализација на зададената мисија.