Во рамки на програмата за одбележување на 2-ри Април, ден на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) која е најголемата единица од составот на здружената оперативна команда, на ден 17.03.2015 година на спортските терени во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одиграа финални спортски натпревари.
На овие натпреварувања и покрај тоа што во преден план е другарувањето и спортувањето а резултатите се споредни, сепак кај учесниците не изостана натпреварувачката мотивација.
На натпреварите првите места ги освоија следните екипи и поединци:
- Трчање на 8 км машка конкуренција – 3. механизиран пешадиски баталјон,
- Женска конкуренција на 4 км – артилериски баталјон,
- Мал фудбал – 1. механизиран пешадиски баталјон,
- Кошарка – 3. механизиран пешадиски баталјон,
- Пинг-понг- 1. механизиран пешадиски баталјон,
- Одбојка- 2. механизиран пешадиски баталјон и
- Шах- 1. механизиран пешадиски баталјон.
Припадници од сите единици на 1.мпбр со масовното учество на спортските натпревари покажаа во пракса како изградената физичката кондиција и спортскиот дух се еден од неопходните фактори за успешно извршување на сите задачи.
За најуспешните екипи и поединци од бригадата кои ги освоија првите места на спортските натпревари, ќе им бидат доделени дипломи на воената свеченост по повод Денот на единицата.