Во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во период од 07.06 до 09.06.2022 година беше реализирана ситуациона – теренскa вежбa (СТВ) во склоп на која се изврши и оценување на лесен пешадиски вод (лпв), кој ќе биде во состав на балканската борбена група (HELBROC 23/1) согласно Упатството за оценување на борбена готовност на Армијата.
Целта на вежбата и оценувањето на лпв е достигнување на зададени посебни способности во неповолни временски и теренски услови, транспорт на персоналот, и материјалните средства и ресурсите како и распоредување од мирновремена локација во реонот на собирање.
Обуката и вежбата покрај потврдата на обученоста во тактиките, техники и процедури овозможија и стекнување на нови искуства.
Во обиколка на оценувањето присуствуваше делегација од грчките вооружени сили предводена командантот на HELBROC, бригаден генерал Василеос Тсанис како и претставници од генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, командата за операции и првата пешадиска бригада.