Во период од 22.04. до 29.04.2015 година дел од потчинетите единици на инженерискиот баталјон (инжб) од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), во согласност со Планот за обука реализираa стационарно логорување на Армискиот полигон „Криволак“, на кое спроведоа гаѓање со лично вооружување (л/в) и вежби за поединец и за единица со боеви минско-експлозивни средства (МЕС).
Цел на активностите е оспособување и извежбување на припадниците на инжб за живот и работа во теренски услови, правилно ракување и употреба на л/в како и самостојно и колективно безбедно и правилно ракување со експлозивни полнења (е/п) и со средствата за палење на е/п.
Логорувањето започна со дневно и ноќно гаѓање од л/в на стрелиштето „Брест“. Наредните денови, на вежбалиштето за инженериска обука „Мушанци“, се реализираа вежби со боеви МЕС за поединец и тоа: Изработка и палење на бавногорлива запалка, палење на е/п со бавногорлива запалка, палење на електрична детонаторска каписла (ЕДК) и палење на е/п со ЕДК.
Во продолжение се реализираа вежби за единици и тоа: изработка на мрежа за фитилно палење и палење на е/п, изработка на мрежа за електрично палење и палење на е/п и покомплексните вежби – уривање на елементи и материјали и подготовка и палење на фугаси.
На гаѓањата со л/в и на дел од вежбите со боеви МЕС присуствуваа претставници од инспецискиот тим од Секторот за Инспекција на Одбраната на Министерството за одбрана како дел од планираниот инспекциски надзор на единицата, командантите на Здружената Оперативна Команда, 1.мпбр и инжб и новопоставените потпоручници во единиците.
Од извршената анализа, произлезе заклучок дека целта на вежбата е целосно реализирана. При тоа, успешно се вградени искуствата и знаењата стекнати низ обуките и е покажан висок степен на професионалност и извежбаност на припадниците на инжб.