Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со оддавање на почит и полагање на цвеќе пред бистата на народниот херој „Боро Менков“ беше одбележан патронатот на касарната, односно 81 години од загинувањето на народниот херој Боро Менков во реонот на село Белановце, како учесник во Карадачкиот партизански одред кој бил разбиен два дена по неговото формирање.
Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков, чие име со гордост го носи касарната „Боро Менков“, пред присутните се обрати командантот на 1.пешадиски баталјон, мајор Шпејтим Черими.
На прославата цвеќе положија делегации од Командата за операции предводена од началникот на штаб во КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски и делегација од командата и штабот на 1.пешадиска бригада.
По повод одбележување на патронатот на касарната, беше реализирана крводарителна акција во гарнизонот Куманово при што беа дарувани 46 крвни единици.
ГЃ/СЛ