Во период од 14 до 26 октомври во организација на Секцијата за комуникациски и информациски системи, во соработка со советникот за сајбер одбрана од Амбасадата на САД, Френк Ранеро и претставници од американската команда на САД во Европа (USAREUR), припадници од Армијата учествуваа на обука од доменот на сајбер одбраната.
Целта на оваа активност е воспоставување на воен тим за одговор на компјутерски инциденти за работа во полето на сајбер одбраната.
Учесниците на активноста, интерактивно со презентации и практична работа во користење на алатки за идентификација и справување со закани во сајбер просторот.