На барање на Правниот факултет, при Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ), а со цел реализација на настава од студиската програма од Правниот факултет во касарната „Народен Херој Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово се реализираше практична настава за присутните студенти.
По тој повод припадниците на 3.пешадиски баталјон од составот на 1.пешадиска бригада организираа и реализираа тактичко технички збор на кој беше презентиран дел од пешадиското вооружување со кое располага единицата. Беа презентирани пиштол ЧЗ 75 мм и автоматски пиштол, тромблонски мини, снајперски пушки 7,9 мм и 12,7 мм, пушкомитралез и автоматска пушка 7,62 мм. Студентите непосредно се запознаа со намената и ТТ карактеристиките на презентираното вооружување од страна на персоналот од составот на 3.пб.
Студентите ги предводеше генералот во пензија, проф. д-р Мухамед Рацај, кој се заблагодари за успешно реализираниот ТТ збор, од кои посебно задоволни беа студентите.
ГЃ/СЛ