На ден 21.05.2015 година делегацијата на Националната Гарда (НГ) на Вермонт – САД, предводена од главниот подофицер на НГ на Вермонт главен наредник Тоби Квик како дел од официјалната посета на АРМ, престојуваше во гарнизонот Куманово.
Делегацијата која беше придружувана од главниот подофицер на АРМ, најпрвин реализира средба со заменик на командантот и главниот подофицер на Здружената Оперативна Команда, а потоа го посети 1.механизиран пешадиски баталјон (1.мпбр) каде реализира состанок со подофицерскиот кор.
На состанокот подофицерите од состав на баталјонот имаа можност да разменат искуства, мислења, сугестии и предлози за унапредување на работата на подофицерскиот кор на АРМ во согласност со стандардите на НАТО.
За време на посетата во 1.мпб пред делегацијата се изведе методско нагледна вежба „Мобилна контролна точка“ на која од страна на припадниците на 1.мпб беа прикажани стандардните оперативни процедури кои во потполност се во согласност со стандардите земјите членки на НАТО.