Во Одделот за медицинска обука при Баталјонот за медицинска поддршка (бМП), на 15 и 16.02.2023 година, се реализираше „Обука за прва медицинска помош“ за припадници на SEEBRIG.
За време на обуката се обработија следните наставни содржини: запирање на обилно крварење, прострелни и устрелни рани, имобилизација на екстремитети, имобилизација на врат и ‘рбетен столб, како и срцево-белодробно оживување и употреба на автоматски надворешен дефибрилатор.
Соработката со SEEBRIG на полето на воено медицинска обука се спроведува во континуитет секоја година.