На ден 10.06.2015 година во посета на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) престојуваше пензионираниот американски генерал Бенџамин Фрикли, кој претходните денови беше еден од учесниците на неформалниот форум во Берово организиран од министерството за одбрана на Република Македонија.
По пречекот од страна на командантот на ЗОК се одржа презентација на која генералот Фрикли се запозна со структурата, мисијата и задачите кои ги има ЗОК, а воедно се разменија мислења и искуства од областа на интероперабилноста.
Целта на посетата е поблиску запознавање на генералот Фрикли со структурата и задачите на единиците на АРМ. Американскиот генерал, кој е професор на државниот Универзитет во Аризона е еден од поддржувачите од Соединетите Американски Држави за влез на Р. Македонија во структурите на НАТО.