Во Центарот за Обука (ЦО) Пепелиште во период од 22 до 26 јуни 2015 година се реализира Работилница за изработка на финални документи за претстојната вежба: „Македонски Блесок – 11“ (МБ-11) на која ќе се реализира НАТО оценување Ниво 2 на една чета од баталјонот за Воена полиција и Самооценување Ниво 1 на Ренџерска чета.
На работилницата изработен е Динамичкиот план за реализација на вежбата, финализирана е главната листа на настани и инциденти (ГЛН/ГЛИ) и активностите за Денот на високи гости.
Во истиот период на повисоката команда за вежбата (HICON) од составот на баталјонот на Воена полиција и Ренџерскиот баталјон од страна на директорот на вежбата им се врачи оперативната наредба. Во наредниот период, командирите на единиците кои се оценуваат на вежбата МБ-11 ќе ги изработуваат неопходните документи кои произлегуваат како обврска од оперативната наредба.
Во рамки на планираните активности на работилницата, на ден 24 и 25 јуни командната структура на вежбата реализираше извидување на просторот на полигонот „Криволак“ каде што беа допрецизирани тежишните активности за Денот на високи гости.