Во период од 6 до 7 јуни, делегација предводена од полковник Мухарем Мухареми присуствуваше на конференција на НТЦЦ (Комитет на национални територијални команданти) која се реализира во Прага, Република Чешка, на која учествуваа претставници од повеќе држави, членки на НАТО.
Конференцијата која се одржува секоја година чиј фокус е подобрување на логистичката поддршка преку КЦПЗД (Координативен центар за поддршка на земја – домаќин) воедно претставува одлична можност за дискусија и размена на идеи за прашања во врска со логистичките способности..
На конференцијата беше потпишан пристапниот договор за членство на Армијата на Република Северна Македонија во НТЦЦ од страна на командантот на Логистичка база полковник Мухарем Мухареми. Оваа конференција е посебно значајна за Република Северна Македонија, бидејќи е примена како полноправна членка.