Заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, учествуваше на годишниот состанок на замениците началници на генералштабови на армиите на земјите членки во процесот SEDM (South-East Europe Defense Ministerial) кој се одржа во Рим, Италија.
На состанокот со воведни говори се обратија потсекретарот за одбрана на Италија, Матео Перего и заменик министерот за одбрана на Република Бугарија и Атанас Запрјанов, кој е претседателот на политичко воениот управувачки комитет (и координативен комитет на СЕДМ.
За време на состанокот се разгледани актуелните регионални безбедносни ризици со кои земјите се соочуваат, предизвиците и последиците предизвикани од руската агресија врз Украина и неопходноста од координирани дејства при справувањето со природните катастрофи преку подобрување на соработката и заедничката помош помеѓу земјите членки на процесот.
Притоа, од страна на сите претставници е осудена агресијата на Русија врз Украина, која е една земјите членки на СЕДМ процесот. Беа претставени сите важни СЕДМ процеси, како и активностите на бригадата на југоисточна Европа (SEEBRIG), додека на крајот од состанокот е усвоена заедничка декларација со која се одобруваат актуелните активности и верификуваат идните планирани активности.
Следниот состанок на замениците началници на генералштабови на армиите на земјите членки е планирано да биде организиран од страна на Букурешкиот секретаријат.