Како дел од соработката помеѓу Армијата и министерството за внатрешни работи во неколку термини во реонот на Демир Капија припадници на баталјонот за специјални сили заедно со припадници на единицата за брзо распоредување (ЕБР)изведуваа специјалистичка обука од областа на летна алпинистика и јазење.
По спроведената обука во период од 26.09.2023 до 03.10.2023 година припадниците на двете единици реализираа подготовки и завршна вежба со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел” каде беше прикажано нивото на оспособеност на припадниците во извршување задачи во тешко проодни и сложени услови.
На реализираната вежба која беше проследена од страна на раководните старешини од единиците беше прикажано високото ниво на координација на единиците во извршување на ваков вид на активности, кое ја потврдува подготвеноста за изведување вакви активности и во реални услови при извршување на заедничките задачи.