Во период од 2 до 6 октомври во Воено медицинскиот центар се реализираше „Курс за прва медицинска помош и самопомош “.
Во текот на курсот, учесниците преку теоретска настава и практично извежбување имаа можност да ги совладаат наставните содржини кои се изведуваа во Одделот за медицинска обука. Слушателите ги совладаа постапките за пружање самопомош и прва медицинска помош при предболничко згрижување на повредени.
Стекнатите знаења, вештини и техники се од големо значење за учесниците на полето на професионално усовршување во рамките на нивната поставеност во единиците, а се исклучително корисни при нивно упатување во меѓународни мисии, како и за унапредување на индивидуалните способности.