Борбено извидувачката чета од извидувачко разузнувачкиот баталјон го покажа нивото на обученост во алпинистичките техники и процедури на непристапен планински терен, за време на двонеделната обука на полигонот за алпинистичка обука „Матка“.
Извидувачкиот планински вод од оваа единица, на која една од примарните задачи е пребарување, спасување и извлекување на повреден од тешко пристапен планински терен и овојпат ја изведе обуката на најпрофесионален начин во согласност со предвидените стандарди, воедно почитувајќи ги безбедносните процедури.
Припадниците на водот ја потврдија оспособеноста за извршување на брза ориентација на непознат терен, напредни алпинистички вештини, пружање на прва медицинска помош и транспорт на повреден за кои е неопходна висок степен на физичка подготвеност, тимско работење и самодоверба.
Ренџерите стекнатите вештини во алпинизам досега многупати ги имаат покажано и во практични ситуации во изведување на заеднички активности со останатите стручни служби во државата при спасувачки активности и активности за претрага на непристапни терени во државата, како и при заеднички вежбовни активности со сојузничките армии.