Во период од 01. – 13.12.2023 година, дел од припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1.пешадиска бригада, во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музејот на градот Прилеп, беа ангажирани за уредување на дворниот простор и заштита на културното наследство во познатиот манастир Трескавец во Прилеп.
Ова е дел од активностите со кои припадниците од артб даваат голем придонес во акциите за заштита на спомениците на културата и останатите цивилни структури во општината Прилеп, како продолжување и унапредување на добро воспоставената цивилно-воена соработка и афирмацијата на единицата во зоната на одговорност.
ГЃ/СН