Втората ракетна батерија за ПВО од баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада на ден 11.05.2016 година на АП Криволак ја покажа својата прецизност во изведување на гаѓање цели на земја.
Одделенското боево гаѓање на реден број 1 и 3 со противавионски топ (ПАТ) 20/3 мм, е дел од редовните и планирани активности на бПВО, кои што имаат за цел подобрување на степенот на обученост на припадниците, како и стекнување на поголемо искуство во ракување со орудијата од составот на бПВО.
Активноста беше успешно реализирана, при што припадниците на бПВО покажаа висока подготвеност и обученост во ракувањето со орудијата од нивниот состав, и истите беа високо оценети согласно стандардите за оценување на овој вид гаѓање.