Како резултат на одличната армиска билатерална соработка и нејзино продлабочување помеѓу воениот оркестар на Баталјонот за почести и италијанската фанфара на Вооружените сили на Италија, за прв пат припадници од македонската и италијанската армија изведоа едночасовен музички настап на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје. Музичкиот настап беше под мотото „Звуците на пријателството“, на кој се изведоа повеќе музички нумери од репертоарите на оркестрите.
По интонирање на државните химни, преку повеќе музички нумери од различни жанрови, пред присутниот персонал од Генералштабот, Министерството за одбрана, Амбасадата на Италија и воениот дипломатски кор, се збогати долгогодишното пријателство и сојузништво помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Италија со уште еден облик на соработка.
Реализацијата на заедничкиот настап со музички изведби, како и целовечерните концертни настани со оркестрите од сојузничките НАТО армии, дополнително ги зајакнува врските и инероперабилноста со сојузниците на сите полиња на воена соработка.