Во периодот од 8 до 12 јули, во касарната „Алексо Дeмниевски – Бауман“ во Велес, беше реализирана Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Maple Arch 24“ („МА24“).
Вежбата „МА24“ е континуитет на меѓународната вежба „Maple Arch“, која оваа година ќе се реализира по јубилеен 25. пат од страна на Армијата на Република Северна Македонија, а спонзорирана и поддржана од страна на Директоратот за воена обука и соработка на ВС на Канада.
За време на ГПК беа изработени сите документи кои се составен дел од Планот за вежбата, кој претставува основа врз која ќе се креира и организира целокупната вежба. Покрај планот за вежбата, беше изработена и структурата за самата вежба во која со свои команди и штабови се вклучени единици од нашата Армија и од Армиите и ВС на Канада, Грузија, Литванија, Полска и Украина.
За време на ГПК беше реализирано извидување на капацитетите на военот дел од Меѓународниот аеродром „Скопје“, кој ќе се користи за пристигнување на воените летови на земјите учеснички.
Планирачкиот процес за вежбата „МА24“ завршува во месец септември, за кога е планирана реализација на Финална координативна конференција, а реализацијата на самата вежба ќе се случи кон крајот на месец ноември и почетокот на месец декември.
ЈМ/ИЦ