Припадниците од Водот за поддршка на летање од командната чета (вПЛ/кч) од составот на Воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ), во период од 12 до 18 септември реализираа обука во јазење во реонот на Демир Капија.
Основната цел на истата е оспособување на припадниците од вПЛ/кч за извршување на задачи од мисијата на непознат и непристапен терен. Обуката ја спроведуваа сертифицирани инструктори од Баталјонот за специјални сили во соработка со припадници од Единицата за брзо распоредување од Министерството за внатрешни работи.
Се реализираа поголем број на теми од основната и напредната алпинистика, како што се врзување на јазли, качување на карпа, спуштање по карпа, спуштање и качување со користење на алатки, изработка на сидришта, мостови, жичари и системи на извлекување на повреден од непристапен терен и негово транспортирање до безбедна зона.
Обиколка и контрола на обуката изврши началникот на штаб во вВИНГ заедно со припадници од штабот, одговорни за реализација на обуката во вВИНГ.
Планираните активности се реализираа успешно со целосно почитување на мерките за безбедност. За персоналот од вПЛ/кч ваквиот тип на обука е редовна активност, која се реализира согласно календарот за обука, а со цел обновување на знаењата и постапките за беспрекорно извршување на задачите од мисијата на единицата.
Ј.И/И.М