Денес, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со резидентното одбранбено аташе на Република Грција акредитирано во Република Северна Македонија, полковник Контантинос Самарас.
На средбата беше изразено уверување за продолжување на континуираната меѓуармиска соработката, особено во доменот на воената едукација, обука на специјалните сили, учество на вежби и меѓународни операции, како и за процесот на стандардизација во НАТО.