Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Република Албанија акредитирано за Република Северна Македонија, полковник Бекир Тафили.
Во рамки на денешната средба, генералот Лафчиски упати честитки до полковник Бекир Тафили и му посака успех во извршување на оваа должност за време на неговиот работен ангажман и продолжување на воспоставената билатерална меѓуармиска соработка.
На средбата во Генералштабот се разговараше и за заедничкото членство во иницијативите за регионална соработка, како и за проширување на можностите за соработка во областите од заемен интерес.