Во периодот од 21 ноември до 16 декември 2016 година, на Одделот за медицинска обука во Воено медицинскиот центар-Скопје се одржа курс за животоспасувачи. На курсот присуствуваа слушатели од АРМ и Црвениот Крст. Настанот е организиран како продолжение на успешната долгогодишна соработка на АРМ со Црвениот Крст, во чии рамки припадниците на Црвениот Крст добиваат медицинска обука според интернационално прифатени стандарди. Соработката во себе обединува обуки за прва медицинска помош и тренинг во рамките на теренски медицински вежби.
Здруженото учество на слушатели од двете институции овозможува стандардизација на процедурите и тимската работа, а со цел успешно спасување на животи при кризни состојби, кога Црвениот Крст, АРМ и МВР се примарно активирани.
Придобивките од обучување на членовите на Црвениот Крст актуелно се остварува преку нивната хумана пожртвуваност во справувањето со бегалската криза, што претставува гордост и поддршка на АРМ.