Поддршка на националната еколошка акција „Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите“ што се реализира на 21 Март, Денот на пролетта во Велес дадоа и припадниците на Армијата на Република Македонија од касарната „Алексо Демниевски – Бауман“.
Во акцијата учествуваа дел од старешините и војниците на доброволно служење на воениот рок од Центарот за индивидуална обука. Старешините и војниците заедно со голем број ученици студенти и претставници од лакалната власт садеа рози на поголем број локации во градот. Рози се садеа на дел од јавните површини, паркови и места каде што престојуваат децата градинките и школите.
Припадниците на Армијата на Република Македонија од Велешката касарна засадија вкупно 600 рози на главната улица на градот и дел од младинскиот парк.
Вклучувајќи се во оваа акција Командата за обука и доктрини даде свој придонес во разубавувањето на животната средина на градот Велес. Оваа активност ќе стане традиционална и со помасовно учество истакнаа организаторите на истата, министерството за животна средина и просторно планирање. Командата за обука и доктрини покажа дека е подготвена секогаш да даде свој придонес во вакви и слични акции.