Согласно Планот за билатерална соработка со Австрија, во период 07-17.04 година се релизираше „Курс за испитување на хемиска стабилност на барути“. Активноста се реализираше во просториите на хемиската лабораторија, во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ , на која учествуваа претставници од Армијата и Воената академија.
Во рамките на активноста предвидена е донација на опрема за испитување на хемиска стабилност на барутите, а со употреба на истата ќе се унапреди системот за следење на животниот циклус на муницијата и минско-експлозивните средства во Армијата.