Во рамките на одбележувањето на 24 мај – „Св. Кирил и Методиј“ Денот на сесловенските просветители, делегација на Армијата предводен од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес 24 мај, учествуваше во одбележувањето на овој значаен државен празник.
На одбележувањето кое беше на покана на Претседателот на Владата и се реализираше пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ на плоштадот во Охрид, Армијата оддаде почит кон делото и наследството на Светите Кирил и Методиј, кои се симбол на писменоста, културата и духовното богатство.